Ужасниот ransomware ги напаѓа и македонските компјутери

Ransomware станува oпасност и во Македонија. На форумот на IT.mk веќе е отворена тема за искуствата на жртвите од киднапирањето на податоци, иако за среќа криминалците си стојат на зборот и ги враќаат податоците откако ќе им се исплатат неколку стотици долари во биткоин форма.

Се чини дека досегашните жртви се случајни и не се таргетирана цел. Ransomware e ужасен малициозен софтвер кој букално го киднапира компјутерот и податоците во него, и кои може да си ги вратите само ако платите откуп. Членот на форумот Tomi, кој беше жртва на ваков напад, објаснува дека за откупот платил 3 биткоини, што е околу 1.200 долари. Неговото искуство била блиска средба со прочуениот Ransomware Locky, кој ги напаѓа компјутерите преку тројанци во имејл или преку креирање макро, преку кое се симнува финалната верзија на софтверот кој ги криптира податоците и ја известува жртвата дека мора да плати доколку сака да си ги отклучи податоците.

Компаниите треба да си направат бекапи

Заштитата од овие напади во компании е проблематична, доволно е некој од вработените да ја отвори пораката и да се заразат компјутерите со тројанци кои ќе ги заклучат податоците. Доколку станува збор за приватен компјутер добра пракса е да чувате бекап на вашите фајлови на облакот или на екстерен диск и потоа да го форматирате дискот. Плаќањето и форматирањето засега остануваат единствените решенија, иако второто решение значи дека ќе ги изгубите сите податоци. Освен креирањето на бекапи, треба да ги игнорирате сите сомнителни документи и фајлови што ги добивате преку имејл, за кои не сте сигурни дека се безбедни.

Но, Locky се чини е помалку страшна верзија на ransomware од Petya. Petya нe криптира ниту еден документ, но наместо ова ја презема контролата врз бутирањето и го прави целиот диск и компјутер бескорисен. Хакерите бараат исплата во биткоини, а доколку жртвата не плати по 7 дена откупот се зголемува двојно. Petya ги таргетира компаниите, а пораките преку кои пристигнува се маскирани како апликации за работа. Ова значи дека за овој тројанец највнимателни треба да бидат во одделот за човечки ресурси.

Дури и исплаќањето на откуп се води како лоша пракса, бидејќи ги мотивира напаѓачите да продолжат со уцени, додека жртвата може да остане без своите податоци дури и ако го плати откупот. За жал, податоците кои се криптираат често се од клучно значење за корисникот, па исплатата е донекаде и единственото решение да ги повратите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Ransomware нападите се можеби најголема  опасност за дел од корисниците. Универзитети, болници, па дури и јавен транспорт беа цел на ransomware напади. Најчесто нападнатите имаат поголема штета, па го исплаќаат откупот. Сепак поради одличната пракса на библиотеката во Сент Луис, го надминаа овој проблем речиси безболно. […]

trackback

[…] Според описот нападот наликува на „ransomware“. Нападот овозможува криптирање на сите податоци и барање на откуп за нивно отклучување. Засега е најасно како е заразен системот, и дали од Муни размислуваат да го исплатат откупот, како и висината на истиот. Ransomware е еден од поголемите ризици за секој компјутер приклучен на интернет, дури и многу македонски интернет корисници се зафатени од овој злонамерен код, повеќе на таа тема, тука. […]

trackback

[…] Иако дел од овие апликации се безопасни, проблемот е опасноста од злоупотреба на лични податоци. Дополнително постои опасност од заклучување на телефоните или таблет компјутерите додека корисникот не исплати откуп, познато како ransomware. […]

Aleksandar
Aleksandar
8 years ago

Знам неколку дечки кој го имаат накачено

види ги сите огласи на kariera.it.mk