1 коментар 1 мин. читање

Snapchat ќе наплаќа за персонализирани геофилтри

Добри вести за сите Snapchat корисници – сервисот сега ќе ви овозможи да креирате сопствени геофилтри за најразлични забави или настани. За жал, оваа можност нема да биде бесплатна, и ќе биде достапна на почеток во САД и В. Британија.

On-Demand Geofilters чини најмалку 5 долари на час, а се однесува за локациски простор кој зафаќа помеѓу 1.800 и 465.000 m2 за еден час. Колку е поголем просторот така услугата е поскапа. Цената на услугата зависи и од локацијата, па различни градови имаат различна цена. Причината што се наплаќаат филтрите е што Snapchat и покрај 100-те милиони корисници секојдневно, сепак има сериозни проблеми да прави пари. Оваа можност за додавање на геофилтер за родендени, забави и најразлични настани, можат сериозно да помогнат Snapchat да пронајде начин за финансирање.

Snapchat не нуди никаква помош околу креирањето на филтрите и нема никаква помош со дизајнот кои би можеле да го користите, иако можат да преземат некои од шаблоните и да се променат. Потоа треба да го испратите овие филтри назад и да почекате еден ден за нивно одобрување.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top