0 коментари 1 мин. читање 14 март, 2016

ИТ настан: Како до ИТ кариера со Girls in Tech Macedonia

Girls in Tech – Macedonia најавува работилница за тоа како девојките можат да направат кариера во ИТ индустријата, која ќе се одржи следниот викенд, на 19 март, во просториите на Impact Hub Skopje. Настанот е наменет за младите девојки кои размислуваат за својата професионална кариера. Настанот треба да им помогне на посетителите преку планирање, само-евалуација и истражување на образовни и професионални можности да се подготват за вработување и интервју за работа.

Работилницата предвидува совети од Жаклина Гештаковска Арсовска, Марија Коваческа и Славица Божиновска. Сите три се советнички за кариера со долгогодишно искуство, а на оваа работилница ќе се обидат да им помогнат на заинтересираните да пронајдат одговори на некои од прашањата за професионалниот напредок.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top