Новосадскиот Drytools се првиот стартап во кој SC Ventures инвестира 300.000 евра

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Фонодот за инвестиции во регионот South Central Ventures, кој од неодамна има и своја канцеларија во Скопје, ја направи својата прва инвестиција. Првиот стартап кој е поддржан од SC Ventures е новoсадскиот Drytools, кои ќе добијат 300.000 евра за да ја доразвијат својата софтверска платформа за алатки за програмери.

Фондот од 40 милиони евра е присутен со канцеларии во Скопје, Белград и Загреб, и сака да инвестира во амбициозни балкански стартапи кои ќе го таргетираат пазарот надвор од своите земји. Планот е да се инвестираат од 100.000 евра до 3 милиони евра во иновативни стартапи од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Црна Гора и Македонија. Фондот е поддржан од Европската Унија, но е воден од приватните инвеститори кои се партнери.

Drytools е нивната прва инвестициjа и се чини дека пресудно за инвестицијата е искуството на тимот. Во претходното интервју што го направи IT.mk со Татјана Забасу, инвеститорка која е одговорна за канцеларијата на SC Ventures во Скопје, најголема предност за инвестиција ќе имаат стартапите со искусен тим што знае да води бизнис. Во случајот на Drytools, се работи за три сениор експерти кои работат во оваа област повеќе од осум години.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] својата прва инвестиција ја направи во новосадскиот drytools во март годинава, инвестирајќи 300.000 евра наменети […]

trackback

[…] Sifu на новосадскиот стартап Drytools, првиот стартап во кој фондот South Central Ventures инвестираше 300.000 евра, наскоро ќе биде отворен за тест за сите […]

trackback

[…] South Central Ventures е фонд за иновации „тежок“ 40 милиони евра, чија определба се инвестиции во балкански стартапи, мали и средни технички компании. Фондот е присутен нешто повеќе од една година во Загреб, Белград и Скопје. Ова им е втора инвестиција, по инвестирање на 300.000 евра во новосадскиот Drytools. […]