0 коментари 2 мин. читање 26 февруари, 2016

Споделувањето е добрo кога луѓето не се плашат, велат AirBnb и Uber

Споделувањето е добро, тврдат контроверзните и иновативни Uber и AirBnB. Ова е основниот бизнис модел со кој работат двете компании иако често имаат проблеми со традиционалните бизниси кои им се директна конкуренција. Двата стартапи за себе велат дека единствената услуга која ја нудат е спојување на корисници на кои им е потребна услуга, но такси превозниците и хотелите сепак не сметаат дека ова е точно.

Сепак споделувањето не е едноставно за корисниците. За отприлика да го доловат чувството кое го имаат луѓето кои првпат го изнајмуваат својот стан на странци, во своето TED обраќање, Џо Гебиа од AirBnb побара од публиката да ги отклучи своите телефони и да им ги подаде на посетителите до нив. „Чувството на паника кое ве обзема во момeнтов е исто како она кое гo има домаќинот кога првпат го отвора домот за странци… Економијата на споделување е трговија, но има и поврзаност помеѓу луѓето“, додава г. Гебиа.

Со Uber корисниците не ја споделуваат интимноста како со AirBnB, но дел од сервисите на компанијата како UberPool и UberCommute овозможува заеднички споделување на патување, што повторно овозможува блиска поврзаност помеѓу луѓето. „Се започнува со првите автобуси. Да не беа тие тргнати патиштата дали градовите сега ќе имаа паркови наместо паркинзи?“ вели Тревис Каланик, основач на Uber.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top