1 коментар 2 мин. читање 26 февруари, 2016

Мумбај забрани селфи фотографии бидејќи се опасни

Индискиот град Мумбај забрани селфи фотографии во 16 зони на градот откако 18 годишна девојка загина додека се фотографираше. Помеѓу забранетите места се дел од најпопуларните локации, како Marine Drive и плажата Girgaum Chowpatty, јави BBC. „Полицијата сега ќе може да влезе во овие општини и да превенира несреќи предизвикани додека минувачи се сликаат на овие локации. Општините можат и самите да распоредат чувари и да распоредат знаци за предупредување“, вели Џананџај Кулкарни, портпарол на полицијата.

Од 2014 година незгодите поради селфи во Индија се одговорни за 49 загинати и со оваа бројка се сопственици на неславен рекорд. Властите во Мумбаи не го забранија само фотографирањето на овие локации, туку и шетањето. Казната од 16 евра за поголем број на туристи е симболична, но барем е предупредување за опасноста која го очекува минувачот. Најголем дел од забранетите области се наоѓаат во близина на неоградениот брег.

Настанот беше повод за BBC да создаде листа на најопасни локации на кој корисниците се повредуваат додека се фотографираат. На листата се Таџ Махал, некои кули за набљудување кои се поправаат, па и селфи во близина на мечки.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top