0 коментари 1 мин. читање 26 февруари, 2016

Во Google Dоcs ќе може да се едитира со глас

Google додаде нова функционалност на Google Docs, која не е премногу корисна за оние кои пишуваат на македонски. Новата функционалност овозможува наместо да пишувате да диктирате и целиот текст да го завршите без да внесете ниту една буква на тастатурата.

Освен диктирање, гласовните команди овозможуваат и менување на форматирањето на текстот, од наслови и поднаслови, па се до листи, но дури и можности за поправка. Ова е првпат Google да го додаде препознавањето на говор во овој сервис, а единствено останува прашање дали корисниците ќе се навикнат да го користат диктирањето како омилен начин за внесување на текст. Започнувањето на користење е едноставно, најпрво ќе добиете известување дека може да користите гласовно пишување, доколку ја исклучите оваа опција на првото активирање, може да ја најдете во: Tools > Voice Typing…

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top