Канје Вест и Tidal ја покажаа лошата страна на музичките сервиси

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб, Статии

Приказната со новиот албум на Канје Вест го покажа можеби најголемиот проблем на сервисите за стримање на музика – ексклузивната содржина. Албумот The Life of Pablо засега може да се преслуша единствено на Tidal, сервис стартуван од раперот Џеј-Зи кој беше заборавен сѐ до моментот кога Канје Вест не ги собра своите фанови.

Музичките сервиси се фантастично решение за слушање музика преку паметен уред. Не мора да симнувате песни, не мора да се пребарувате нови артисти. Ставате слушалки, одбирате плејлиста и уживате. Тоа што ви се допадне го купувате, или плаќате претплата за пристап до милиони и милиони песни. Но, проблемот е што натпреварот меѓу сервисите им штети на фановите.

Фановите остануваат без можност да го преслушаат својот омилен албум доколку издавачот потпишал за Tidal, а тие се на Spotify. Тidal e можеби еден од полошите примери меѓу музичките сервиси. Тој е ко-основан од раперот Џеј-Зи и други популарни ѕвезди со план да објавуваат ексклузивна содржина на сервисот за насила да ги натераат корисниците да се префрлат. Така, популарната Бијонси, која е жена на Џеј-Зи, и неговиот пријател Канје Вест своите дигитални албуми сега ги издаваат само на Tidal, објаснува Vice.

The Life of Pablo е пример за фрагментација на музичкиот пазар, што е лошо за фановите. Корисниците мора да се регистрираат и да ги симнат сите можни мобилни апликации доколку не сакаат да пропуштат популарен албум, или во полош случај, да плаќаат претплата за сите. Tidal наплаќа 10 долари месечно за пристап до музика. Moжеби е оправдано да се користат ексклузивни договори за да се привлечат повеќе корисници. ТВ индустријата го прави истото тоа со ексклузивна содржина која е достапна само на HBO или на Netflix или на регионалниот Pickbox. Но, за фановите кои сакаат да следат повеќе артисти, ова сценарио е проблем кој тие го решаваат со пиратирање. The Life of Pablo на Kaнје Вест за една недела е пиратиран над 500.000 пати.

Позитивен пример се Битлси, кои иако до неодамна не беа присутни на ниту еден сервис, кога се приклучија се приклучија на сите наеднаш. За жал, ова не е случај со сите изведувачи. Така Тејлор Свифт која е помеѓу најпопуларните изведувачи на Spotify и на Tidal дозволува да се објават само неколку албуми, на Apple Music ги има сите албуми.

Фрагментацијата меѓу музичките сервиси беше предвидена уште од почетокот на трендот, но иако им одговара на артистите да избираат сервиси кои ќе ги стримаат нивните песни, за фановите претставува предизвик. Во овој случај поголемата конкуренција не им помага да ги преслушаат своите песни. За споредба, пиратите ги објавуваат новите пиратирани албуми на сите торент сајтови.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] на Spotify, ниту на било кој друг музички сервис. Како и Канје Вест, и Бијонсе најави дека нејзиниот албум ќе биде […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk