Две хрватски и една српска компанија се најдоа меѓу финалистите на European Business Awards 2016

во ИТ.ЕУ

Image courtesy of European Business Awards/Facebook

European Business Awards ги претстави најдобрите 100 компании, меѓу кои се најдоа и две хрватски компании кои се натпреваруваат за приматот на најиновативна компанија, како и една српска, една бугарска и неколку грчки компании кои се натпреваруваат во некоја од 11-та категории. За жал, македонските претставници не успеаја да влезат во следната фаза.

Финалисти од регионот се Rimac Automobili и Storm Computers од Хрватска, Dundee Precious Metals Bulgaria од Бугарија, Bel Medic од Србија; Pharma-data, Megas Yeeros, Coffee Island и Vikos од Грција. Без сомневање најинтересни се компаниите од Хрватска кои на листата влегоа преку UKTI наградата за иновации. Storm работи на интеграција на ИТ и комуникациски системи во компанија, додека за Rimac Automobili може да се каже дека една од најкул компаниите на Балканот бидејќи работи на супербрз електричен автомобил.

За учество во финалето се натпреваруваа 32.000 компании oд Европа. Од Македонија беа пријавени ДГТ Жикол, Медиа Принт Македонија, Раде Кончар – ТЕП и X3M Labs. За жал македонските компании, не успеаја да влезат во финалната рунда. European Business Awards се доделуваат на најиновативните компании во Европа кои внесуваат новини во внатрешната бизнис култура или преку производи.

Конечните подбедници ќе бидат објавени во јуни, а во оваа фаза компаниите ќе се претстават пред жири. Македонските компании и сите останати кои не влегоа во финалната рунда сè уште можат да ја добијат European Public Champion наградата која се избира со гласови на публиката.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments