HBO Max пристига во Македонија следната година

во ИТ.МК

Популарниот стрим сервис на HBO, HBO Max од следната година ќе биде достапен и во Македонија. Засега нема најава за точната дата и за висината на претплата на HBO Max за македонските корисници. Сепак праксата во регионите во кои е достапен HBO Max е стрим често платформата да биде достапна заедно со претплатата за HBO без дополнително плаќање.

Сервисот е достапен во САД од 2020 година, а можат да го гледаат и жителите на Карибите и Јужна Америка. Во Европа доаѓа веќе од следниот месец. Од 26 октомври HBO Max ќе биде достапен во Шведска, Данска, Норвешка, Финска, Шпанија и Андора.

Во Македонија сервисот доаѓа веќе во следното проширување, најавено за 2022. Покрај Македонија сервисот ќе биде достапен и во: Босна и Херцеговина, Бугарија, Молдавија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Унгарија, Чешка и Хрватска.

Веста за проширување на сервисот ексклузивно ја објави Variety.

Што е HBO Max

HBO Max е стриминг сервис, замена за HBO Now. Иако дел од провајдерите го нудат заедно со претплата за HBO сепак е различен. Платформата е одговор на Disney+, Hulu и Netflix  и овозможува ексклузивен стрим на содржините кои се издадени од HBO.

Претплатниците на HBO Max можат да ги гледаат стандардните содржини како Game of Thrones, True Detective, Silicon Valley, The Sopranos, The Wire, Friends. Сепак за време на пандемијата дел од филмовите кои излегуваа во кино беа достапни и на HBO Max. Ова повторно зависи од регионите, па некои филмови излегуваа и на HBO Go. На пример во регионите во кои е достапен HBO Max, Zack Snyder’s Justice League беше достапен на HBO Max. Во Јапонија овој филм беше достапен на HBO Go.

За разлика од HBO Go кој веќе е достапен во Македонија, HBO Max доаѓа со повеќе содржина. Секако содржината може и да се разликува по региони, па ќе мора да почекаме и да видиме што точно ќе добиеме.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments