10 феноменални игри преку Prime Gaming, како Control Ultimate Edition, Dragon Age: Inquisition и Rise of the Tomb Raider!

Добредојдовте во месецот кога е одлично да се биде Prime Gaming претплатник. По цена од 370 денари, добивате 10 феноменални игри, плус многу додатоци за над 35 игри, како и цел месец стриминг на филмови и серии!


Control: Ultimate Edition e една од десетте игри кои се на понуда! Можеме слободно текстот да го завршиме тука. Феноменалната игра на генијалното студио зад Alan Wake и Max Payne, заедно со двете содржителни додатоци, станува ваша за играње преку GOG платформата.

На фронтот на Origin, ја имате критички признаената Dragon Age: Inquisition, а преку клиентот на Epic можете да ја заиграте Rise of the Tomb Raider! Оние кои се по одлична ММО игра, ја имаат на располагање основната игра за Guild Wars 2, која се презема преку клиентот на ArenaNet. Се чини дека месецов, Amazon соработува со сите, освен со Steam. 😊

Клучот кој го гледате во сликатa не е активиран; доколку ја сакате Dragon Age: Inquisition, побрзајте и активирајте го на Origin! Пишете нѝ доколку сте среќниот добитник! :)

Останатите игри, кои се преземаат и играат преку интерниот клиент на Amazon, се:

– Puzzle Agent 2

– Rogue Heroes: Ruins of Tasos

– Secret Files: Sam Peters

– BAFL – Brakes are for Losers

– Liberated

– Demon Hunter 2: New Chapter

Најдоброто од сево ова е тоа што доколку се претплатите сега, ќе можете да ги зграпчите и бесплатните игри кои ќе бидат на понуда во декември. А, во меѓувреме, можете без проблем и да гледате бројни серии и филмови преку Prime Video, услуга која е вклучена во претплатата.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] ве забави на неколку месеци, нудејќи притоа и бројни бенефити за гејмерите преку услугата Twitch Prime. Од друга страна, додека полека се поплочува патот за HBO […]

Ален
Ален
25 days ago

Го активирав кодот, прекрасна игра, благодарам многу.

види ги сите огласи на kariera.it.mk