9 коментари 4 мин. читање 6 мај, 2014

Македонски инженери сакаат да им помогнат на роверите на NASA да се снајдат на Марс

Меѓу финалистите на NASA Space Apps Challenge се наоѓа и тимот DECAone, составен од пет македонски студенти, кои имаат идеја да овозможат пристап до мапи и навигација од било каде без пристап на интернет, дури и од Марс. Јован Андонов, Суад Салиу, Артан Рамани, Висар Зејнулаху и Блерант Рамадани, студенти по компјутерски науки на ФИНКИ и енергетика на ФЕИТ и МФС, веруваат дека имаат идеја која може да и помогне на Американската вселенска агенција да решат еден проблем кој ќе му помогне на човештвото.

Од над 8.000-те учесници кои пријавија над 670 проекти, само десетина се меѓу финалистите кои беа изгласани од публиката. Меѓу нив е и DECAone со својата Android апликација која овозможува офлајн преглед на мапи, без пристап до интернет. Идејата е да може да се шетате и во најдалечните предели (и други планети) без грижа дека ќе се изгубите, бидејќи ќе имате детална мапа на вашиот мобилен уред. Но, покрај само навигација, апликацијата на македонскиот тим ќе има можност за закачување и споделување на фотографии и видеа без пристап до интернет.

„Како што сите знаеме веќе има огромен број на апликации кои што дозволуваат пристап до мапи и навигација дури и без интернет, но она што ниту една апликација не го овозможува е малце подетален опис на околината во која што се наоѓате. Првичната тема на апликацијата беше да ги задоволи потребите на оние авантуристички души кои што голем дел од своето време го поминуваат во прекрасни предели без 3G“, објаснува Јован.

[youtube]nud2vzDoL1I[/youtube]

Апликацијата на DECAone ги корсити базните станици кои што ќе се напојуваат од обновливи извори на енергија. Овие станици треба да се едноставни, објаснуваат дечките од DECAone, така што ќе функционираат како мини сервери кои примаат барања и даваат одговор. Информациите се чуваат во мала база на податоци, кои се во постојан „low power“ мод се додека не бидат повикани од корисник на кого му требаат информации за околината во која се наоѓа. Сите податоци се собираат преку краудсорсинг на сите корисници, кои можат едноставно да додадаваат нови информации за околината.

„Целата идеја зашто се решивме за користење на базни станици е затоа што сакавме предизвикот на некој начин да го доближиме поблиску до NASA и нивните планови за во иднина. Доколку ја правевме апликацијава само за Земјата тогаш ова со базните можеби и ќе беше непотребно. Меѓутоа моќта на ова решение е тоа што ни овозможува реализација дури и на Марс. Ни овозможмува како концепт да го преставиме поставувањето базни станици на Марс, кои ќе им помагаат при навигација на роверите и космонаутите при нивните идни мисии“.

DECAone вели дека моментално води на натпреварот, според гласови од публиката соберени до 5-ти мај, и се возбудени и уплашени дека може да победат на интернационален натпревар организиран од NASA, а локално организиран од македонско-американската компанија за специјализирани програми, NewMan’s Business Accelerator. Ако победат тимот оди во САД каде ќе се сретнат со луѓе од NASA и можеби ќе добијат помош да ја реализираат својата идеја.

„По натпреварот следи Америка! Доколку заврши онака како што се надеваме нели… Искрено се надевам дека ова нема да остане само како идеја и ќе може да се работи сериозно на неа во иднина. Сепак земајќи ја во предвид природата на нашата идеја не би можеле самите да ја реализираме без дебело спонзорство“, вели Јован.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
9 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Wayne Rooney
Wayne Rooney
12 years ago

DECAone terrorist team update за Counter Strike

goran
goran
12 years ago

abe ne duvajte u trap ;) shkon team :D

Boris
Boris
12 years ago

Ohhh bravos momci ne ostanuvate vi vo mk uste mn samo napred :))

Nikola Minoski
12 years ago

Наместо базни станици, да се бродкастираат векторски мапи преку GPS сателитите?

Мени
Заедница
To top
{title}