0 коментари 2 мин. читање 15 март, 2017

Звучни напади се опасност за автомобилите играчки

Универзитетот Мичиген откри дека акцелерометарот кој се користи за паметни телефони, преносни паметни уреди и слично е подложен на хипотетички напад.

Пропустот овозможува со звук да се наруши работата на акцелерометарот. Во тестови, студенти од униерзитетот преку модифицирано музичко видео, влијаеа на работата на телефонот. Тестот овозможи со музичкото видео да се влијае на акцелерометарот, кој потоа испишал „Wallnut“. По овој збор нападот го доби и името.

https://youtu.be/Dfc3jZkcnLU

Нападот овозможува секој уред кој се управува со акцелерометар да биде подложен на нападот. Во експериментите студентите успеаа да го нарушат управувањето на автомобилче преку Samsung телефон, јави Tom’s Hardware.

Принципот на работа е прилично едноставен. Звучните бранови влијаат на физичките објекти и ја нарушуваат нормалната работа. Односно фокусираните звучните бранови можат да го „измамат“ уредот дека забрзува.

Нападот е само концепт и засега нема никаква опасност од истиот. Дополнително, со изолирање на акцелерометарот, опасноста од нападот може да се надмине.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top