0 коментари 2 мин. читање 29 јануари, 2015

Зошто HoloLens e поразличен од Google Glass и Oculus Rift?

Новиот уред на Microsoft наликува на нешто што сме можеле да го видиме во научно-фантастичните серии или филмови како Star Trek или Minority Report, но сè уште е рано за ваква технологија, вели Cnet.

За разлика од холограмот од Star Trek чии проекции можат да ги видат сите присутни, проекциите со HoloLens постојат единствено за корисникот кој го носи уредот. 3Д-проекциите креирани со HoloLens се сместени во просторот околу корисникот и со гестикулации може да се поместат или да бидат завртени. HoloLens доаѓа со камера која постојано ја „скенира“ собата и положбата на корисникот презентирајќи ги проекциите на подлоги кои постојат во собата. Дополнително во очилата се сместени куп сензори кој постојано ја следат положбата и движењето на корисникот кој овозможуваат презентација на генерираната графика од релевантен агол.

[youtube]qym11JnFQBM[/youtube]

Сличноста со Oculus Rift почнува и завршува со смешните очила кои ги носите на глава. Oculus е креиран со идеја целосно да ве оддели од реалноста, уредот целосно го покрива видното поле, а корисникот носи слушалки преку кои доаѓа звукот. Oва озвозможува корисникот целосно да биде обземен од креираниот свет, без разлика дали станува збор за видеоигра или филм. За разлика од ова најголем дел од предметите презентирани со HoloLens се навистина таму, а врз нив е додадена генерираната графика.

За сега Oculus Rift, HoloLens, па и Google Glass се единствено почеток, за нови слични уреди кој ќе овозможат поинаква интеракција со компјутерите. Гестикулациите и 3Д-генерираната графика ќе ја зголеми продуктивноста не само на дизајнерите туку на сите кој кога ќе дојдат до некој проблем во иднина ќе можат да побараат помош од професионалци или онлајн библиотеки, кој пред корисникот сликовито ќе презентираат што треба да се направи.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top