Аpple прави по 8,3 милиони долари секој час

во Свет

Apple постави нов рекорд за заработка во тримесечие со профит од 18,04 милијарди долари, поминувајќи го Gazprom кој досега го држеше рекордот. Компанијата од продажба на телефони заработи 74,6 милијарди долари што е зголемување од 30 отсто во однос на истиот период минатата година, пренесува Quartz.

Најголем дел од заработката 69 отсто, доаѓа од продажбата на iPhone, а во последните три месеци Apple испеа да продадае над 75 милиони телефони. По региони Apple традиционално најдобро поминува во Америка, но овој пат компанијата ја зголеми продажбата во Кина. Во Северна Америка компанијата заработи 30,6 милијарди долари, а во Кина 16,1 милијарда долари. Компанијата во изминатото тримесечие заработуваше 8,3 милиони долари секој час.

Но, ако очекувате Apple да престане да прави пари бидејќи iPhone-от не е единствен добар телефон на пазарот, тоа нема да се случи. Apple наскоро ќе почне да го продава својот паметен часовник Apple Watch.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments