0 коментари 1 мин. читање

Zk.mk бесплатно ќе ги промовира стартапите

РЗ Инфомедиа, преку својата онлајн платформа zk.mk бесплатно ќе ги промовира стартапите кои се регистрирани во последните  12 месеци. Вредноста на промоцијата е 120 евра и се состои во тоа што при пребарување по дејност на сајтот на Златна книга, овие бизниси ќе добијат приоритетно место како спонзориран резултат.

Дополнително, бизнисите кои ќе се пријават за оваа промоција ќе добијат и целосен профил со дополнителни содржини како лого, текст, галерија со слики и видеа и сл.

 “Ни претставува големо задоволство да им понудиме конкретна помош на сите домашни стартап бизниси. Знаеме дека почетокот на работењето е исклучително тежок период, и се надеваме дека zk.mk ќе им помогне на секоја од новооснованите фирми да го зголемат бројот на купувачи” изјави Владимир Вецовски, генерален директор на Р3 Инфомедиа.

Секој стартап кој е заинтересиран за оваа бесплатна промоција, потребно е да испрати копија од тековната состојба на [email protected].

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top