Ѕирнeте во тајната лабораторија за апликации на Facebook

Facebook има тајна лабораторија во Орегон во која ги тестира како апликациите работат на различните модели на телефони кои ги користат корисниците. Дури и речиси незабележителните промeни во кодот можат да предизвикаат непосакувано однесување, па социјалната мрежа во лабораторија ги тестира апликациите пред да ја надгради официјалната верзија.

„Зад голема метална врата има 32 iPhone 5C телефони кои сите работат нешто; некои скролаат низ News Feed, тестираат операции за батеријата; се рестартирaат, па продолжуваат да прават нешто. Во секој ред на сервери има десетина плакари; во некои се постари телефони како iPhone 4, во некој нови како Google Nexus. Facebook има вкупно 2.000 телефони со чија помош може да им каже на развивачите кога направиле некоја грешка, и дали таа е присутна само на постари модели“, вели Verge, кој беше дел од тимот на новинари кој ја посети „тајната“ лабораторија.

facebook-test-center-2

Тимот задолжен за тестирање на телефоните постојанo работи на надградби на лабораторијата. Дел од надградбите се однесуваат на зголемување на капацитетите на рафтовите и плакарите, а дел се однесуваат и на бројот на операции потребни за почнување на некој тест.

Првите гондоли можеа да „носат“ околу 100 телефони, а сега се обидуваат да имплементираат решение за 64 телефони на единствен рафт. Развивачите работат на можност за тестирање на телефони со голем екран и намалување на бројот на чекори за подготовка за тестирање, а со тоа и да се зголеми ефикасноста.

facebook-test-center-1

-855ca247235d946d

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

АЛОЗИС КОМУНИКЕЈШНС Д.О.О.Рим, Р.Италија - Подружница Скопје Р.Македонија

Senior Full Stack Java Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk