0 коментари 1 мин. читање

Вештачката интелигенција Watty учи како да ви заштеди електрична енергија

Шведскиот стартап Watty, кој работи на вештачка интелигенција што ќе им помогне на сите да заштедат електрична енергија, собра 3 милиони евра во нова инвестициска рунда. Хелсиншкиот акцелератор Cleantech Invest е најголем финансиер во оваа рунда, заедно со EQT Ventures и Шведската агенција за енергетска ефикасност, пренесува Tech.eu.

Watty работи на софтвер за машинско учење кој ќе ја анализира електричната мрежа и навиките на корисниците, за потоа да им понуди совети на корисниците за поштедлива работа и намалување на сметката. Софтверот во реално време ја анализира потрошувачката на електрична енергија и го известува корисникот за бројот на уреди и енергијата преку апликација.

Засега компанијата работи на креирање на партнерства со повеќе енергетски компании за складирање на електричната енергија, и компании кои работат на производство на електрична енергија од сонцето.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top