2 коментари 3 мин. читање 20 декември, 2016

Ѕирнете под хаубата на вашето PC, со HARDiNFO 8 Free

Колку всушност знаете за вашето PC и за хардверските компоненти кои се кријат во неговата внатрешност? HARDiNFO 8 е програма чија цел е да ѕирне под хаубата и подобро да ве запознае со точните вредности за хардверот, но и оперативниот систем. Па така, најновата верзија на HARDiNFO 8 дава детален увид за моделот и произведувачот на вашиот процесор (CPU или Central processing unit), матичната плоча (Motherboard), RAM меморија, графичка карта (GPU или Graphics processing unit) како и простор за складирање (HDD/SSD). Програмата додатно ве известува и за информациите кои стојат зад мониторот, батеријата, но и оперативниот систем и драјверите.

Во случај вашиот компјутер да не работи онака како што работел и резултира со забавено извршување на процесите, со HARDiNFO 8 би можеле да ги тестирате хардверските компоненти, односно да извршите benchmark и да пробате да го изолирате проблемот. Како додатен чекор, опцијата System Monitor ви дозволува во реално време да ја надгледувате состојбата на хардверот, сервисите, процесите, драјверите, мрежата и батеријата (на лаптопите). Второстепената верзија на оваа опција дозволува напредно надгледување на сообраќајот на мрежата и подетален увид во циклусите на полнењето, односно празнењето на батеријата.

Од сево ова што кажавме, бесплатната верзија ви дозволува целосен увид во системските и хардверските информации и онлајн увид/ споредба со направените тестирање. За сите останати опции, потребно е издвојување 80 долари за професионалната верзија. Со што и да се одлучите, имајте во предвид дека најновата верзија на овој софтвер е само за 64 битните оперативни системи и е целосно оптимизирана за Windows 10. За 32 битната верзија потребно е да се задоволите со постара верзија.

За додатно освежување на вашиот компјутер ви препорачуваме и да го забрзате со Synei System Utilities 4, или со надалеку познатите Revo Uninstaller и CCleaner.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top