Сега и Facebook Messenger има конференциски видео разговори

0 коментари 1 мин. читање

Сервисот за пораки на најголемата друштвена мрежа Facebook е најновата платформа која додаде можост за конференциски видео разговор.

Сервисот овозможува разговор за до 50 учесници. Видео разговорите се „поделени“ на два дела: помалку од шест учесници и над шест учесници. Иако функционалноста е идентична, изгледот се разликува. Со помалку од шест учесници во видео разговорите активни се сите камери и може да се гледаат сите учесници. Над шест учесници активна е единствено камерата на „доминантниот“ говорник.

Остатокот од Messenger останува ист, корисниците можат да додаваат емотикони, налепници и анимации. Дополнително корисниците можат да вметнат „маски“ во видеата кои се своевидна проширена реалност во разговорот.

Видео разговорите на Messenger доаѓаат во вистинско време за новогодишните празници, па сега може да им честитате на пријателите и роднините во живо и очи в очи.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед