Добра вест за сите фриленсери, професионалци кои работата ја носат со себе и дигитaлни номади. Оваа зима најпопуларниот ски-центар во Бугарија отвора „coworking“ простор. Банско сега нуди можност на сите оние чија професија не е поврзана со локација да можат да одработат дел од работата од ски-центарот.
Центарот Coworking Bansko се отвора за три дена, на 15 декември, кога и започнува официјално сезоната во овој ски центар. На локацијата ќе има 18 простории на кои ќе може да се работи. Собите имаат сè што може да му биде потребно на еден претприемач: од биро и ергономски столици, до приватни телефонски кабини и сала за состаноци.

Она што можеби е поинтересно е што во промотивниот период, центарот овозможува тест период од еден ден. Промотивна цена има и за корисниците што ќе го користат подолг период, тие ќе добијат промотивни цени.
„Сакаме да бидеме локација за независни претприемачи кои сонуваат за поголеми инвестиции.“, вели Уве Алгауер.
Коосновачи на Coworking Bansko се Ирина Пандева, Убе Алгауер и Матијас Заитер. Отворањето на повеќе вакви центри овозможува можност за пораст и на локалната стартап сцена. Причина за ова се странските претприемачи кои можеби ќе донесат инвестиции, но поважно знаење кое ќе помага на локалната заедница.







