0 коментари 1 мин. читање 12 декември, 2016

BMW го заклучи крадецот во автомобилот да ја почека полицијата

Се чини дека можностите на паметните брави нема да им го олеснат животот на крадците на возила. Неодамна полицијата од Сиетл, САД го заклучи крадецот на BMW во возилото додека истиот мирно спиел во него.

Најпрво BMW го пронајде возилото и ја испрати неговата локација до полицијата. Потоа како во сцена од комедија полицијата дошла и го разбудила крадецот, кој се разбуди обиколен од полиција.

„Крадецот се разбуди во украдениот автомобил, но компанијата далечински го заклучи возилото.“, јави CNET.

BMW не само што може да ги заклучува вратите, туку може и да ги активира звучниците и да испрати порака преку нив. Германскиот производител објасни дека можат да ја отклучат или заклучат вратата доколку се појави потреба.

Можеби во иднина со автономните возила, крадецот не само што ќе биде заклучен во возилото туку и ќе биде префрлен до полициската станица.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top