{mosimage} Google, New York Times и Washington Post објавија експериментална алатка за читање вести – Living Stories. Според Google многу се зборува за иднината на весниците, дали ќе опстанат, како да заработуваат од онлајн изданијата, но многу малку се разговара за како да се развиваат и презентираат вестите онлајн.
„Веруваме дека ова е важно да се експериментира со нови начини за раскажување на приказните – начини кои не се можни офлајн.“ пишува Google.
Секој новинарски текст содржи одредени информации без притоа да се дополни со други не-толку-важни информации за актуелната тема, се со цел да не се направи хаос од текстот. Но при тоа се изоставуваат посредните или застарените информации, понекогаш се и повторуваат. Тоа што Google, New York Times и Washington Post експериментираат со Live Stories е организирање на вестите по тема, според време и според релативност со други текстови. Сето тоа на куп е презентирано на една единствена страна, што овозможува едноставен и одличен преглед на информациите.
Одличен пример за практичната употреба на Live Stories се текстовите за свинскиот грип, со кој добивате преглед на сите важни настани за епидемијата според временскиот период. Дефинитивно фалат многу информации и текстови од други извори. Тоа ќе го збогати искуството и информациите, но сепак алатката се наоѓа во Google Labs што значи дека е тест фаза.
Инаку, Google изјави за BusinessInsider дека кога Live Stories ќе излезе од бета, издавачите ќе имаат опција да ја имплементираат на својот сајт. (налик на Google Maps)






