Дом управуван од вештачка интелигенција, која ги мести температура во собите и на водата токму по желба на корисникот; персонализирани светилки, радиостаници и куп други можности кои не може да ги замислиме… се дел од иднината која доаѓа благодарение на Интернет на нештата.
Но, има уште многу работа за да живееме во таква иднина, лекција која ја научивме од гладните миленичиња кои се хранат со помош на автоматската хранилица. Продавницата PetNet има автоматска хранилица за домашни миленичиња која секој ден во точно определен интервал го храни домашниот миленик. За жал, поради проблем со сервис од трети партнери, PetNet мораше да им препорача на корисниците „мануелно“ да ги хранат своите миленици за да не останат гладни, јави BBC.
Идејата зад Petnet е одлична, системот ги следни навиките на домашното милениче, одредува кога и колку јадење му треба и креира распоред. За ова е потребен облак сервис, а кога облакот не е достапен, кучињата и мачињата остануваат гладни.
Ако ништо друго, неуспехот на Petnet е показател дека секогаш е паметно да имате и резервно решение. Така во овој случај Petnet во идниот модел можеби ќе имплементира дополнителна мерка за безбедност, па доколку миленичето не јадело долго време, автоматски да „испушти“ јадење.








Ова не е доказ дека дека има опасност. Доказ е дека само треба бекап опција да де имплементира, нешто то PetNet го немаат.