0 коментари 1 мин. читање 4 јули, 2012

Жените владеат со Facebook, Twitter и друштвените игри, мажите со LinkedIn и Google+ (инфографик)

Жените постари од 55 години играат повеќе друштвени игри отколку мажите од 15 до 35 години. Оваа интересна информација ни ја открива инфографикот на Digital Flash NYC.

Жените од сите возрасти доминираат на популарните друштвени мрежи. На Facebook односот е 58% жени, наспроти 42 отсто мажи, на Twitter има дури 64 отсто жени, додека Pinterest е доминатна женска публика, над 82 отсто. Мажите пак се заинтересирани во Linkedin, Reddit и Google+.

„На крајот на денот жените се далеку поактивни корисници на друштвени мрежи, со 99 милиони повеќе месечни посети повеќе од мажите.“, е заклучокот на инфографикот.

Сепак, мора да напоменеме дека инфографикот е направен со податоци од корисници од САД. Но, не се сомневаме воопшто дека и македонската женска публика е помалку активна.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top