0 коментари 2 мин. читање 4 март, 2013

Facebook ќе објави нов News Feed?

После Search Graph, Facebook повторно ни подготвува некои новости, овојпат се однесува на изгледот на News Feed-от. Или може да се каже „главната страна“ на Facebook, бидејќи тоа е местото каде што корисниците поминуваат најмногу време и таму може да се види скоро сè што прават пријателите.

Новостите ќе бидат претставени на 7-ми март во 19 часот по наше време. Ова поголема промена е најавена после септември 2011-та година кога Facebook ги одвои најновите и најдобрите објави. Од тогаш немаше никакви промени, освен огласите, а од компанијата беа фокусирани на подобрување на корисничкото искуство на мобилните платформи.

Инаку, во моментот во Нов Зеланд се тестира нова верзија на времепловот (Timeline). Виџетите се прикажани на левата страна, додека сите објави одат една под една на десната страна. Исто така, доколку споделите некој линк, веднаш под објавата ќе се прикаже и „Ми се допаѓа“ копчето за Facebook страницата на сајтот преку кој е споделена статијата.

За што точно станува збор, ќе мораме да почекаме до четврток.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top