Збогум Windows 10 S, добредојде Windows 10 Live S Mode

Avatar img-thumbnail img-circle

во Софтвер

Microsoft најавува дека во иднина нема да постои сегашната верзија на Windows 10 S. Компанијата ја користи оваа верзија за корисници на кои им е потребна поголема безбедност, но не им пречат помалите можности во менаџирањето на оперативниот систем.

Windows 10 S е оперативен систем кој поради ова доаѓа со некои ограничувања. Всушност Windows 10 S е заклучен Windows 10 Pro. Ова овозможува корисниците да не можат да ја менуваат конфигурацијата, а со тоа ќе e побезбеден и со подобри перформанси. Корисниците можат да го надградат оперативниот систем од S Home на Home, но за ова ќе треба да платат.

Сепак, Microsoft најaвува дека во иднина оваа верзија на оперативиот систем нема да постои како засебен Windows. Наместо ова, Windows 10 S ќе биде заменет со S-мод кој ќе функционира на секоја верзија на оперативниот систем. Всушност секоја следна верзија на Windows 10 ќе доаѓа со активиран S-мод. Корисниците на Home верзијата ќе може да ја отклучат бесплатно, но Windows 10 S Pro ќе треба да платат околу 50 долари.

Едно од ограничувањата кои доаѓаат со S-мод се апликациите. По активирањето на оперативниот систем ќе функционираат единствено апликации од официјалниот Windows Store.

Што се однесува до статистиката на Windows 10 S досега, дури 60% од корисниците одбрале да не го надградат на Windows 10 Pro, иако е достапна бесплатна надградба, јави Thurrott.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments