Српската берза додава „crowdfunding“ за стартапи

во feature, Вести

Инвеститорите и брокерите на српската берза наскоро ќе може да инвестираат во стартапи. Станува збор за своевидна „crowdfunding“ платформа која треба да ги претвори стартапите во компании.

Целта на овој потег е младите и иновативни компании да добијат средства кои се потребни за понатамошен развој.

„На чекор сме да станеме лидер во Србија во пружање на развој на компаниите во рана фаза на развојот. Белградската берза до крајот на март би требало да стане званичен партнер за Србија, на еден од глобалните лидери за услуги и crowdfunding кој ги поврзува компаниите кои почнуваат да работат, со инвеститорите“, вели г. Крнета.

Берзата не само што ќе овозможи инвестиции во овие компании, туку ќе биде и дополнителен канал за информации за инвеститорите. Со ова би се отворил уште еден канал со кој стартапите би можеле да стигнат до финансии.

Во регинот, најчести инвеститори се банките. За банките постојат ограничувања, па не секогаш можат да помогнат. Поради ова, компаниите се обидуваат да пронајдат нови средства, но често ова е проследено со инвестиции и инвеститори кои бараат од компанијата да го премести седиштето на стартапот во друг град или држава.

„Сакаме да придонесеме во важна мисија за нашето општество, овие стартапи да останат во земјата и на релативно едноставен и ефтин начин да дојдат до капитал клучен за раст и развој. Без потреба да се селат во развиени држави“, додава г. Крнета, во интервју за N1.

„Crowdfunding“ секако не е првата работа која ни текнува кога мислиме на стартапи и инвестирање, но може да биде интересна дополнителна можнот.

Слична можност овозможуваат и „ICO“, кои преку дигитални крипто токени овозможуваат инвестирање на крипто валути во компании. За замена се добиваат дигитални токени, своевидна гаранција за акции во компаниајта. За жал, овој метод често се злоупотребува, па се почесто на него се гледа со недоверба.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk