0 коментари 1 мин. читање

Збогум и не се враќај: Cambridge Analityca се затвора

Компанијата која беше во фокусот последните неколку месеци, Cambridge Analytica ќе затвори. Причини за затворањето има повеќе, а сите се поврзани со скандалот со Facebook, јави Wall Street Journal.

„Во Cambridge Analytica имаме потполна доверба во вработените и убедени сме дека работеле етички и законски, медиумската опсада ги избрка сите корисници и доставувачи.

Како резултат на ова, одлучивме дека веќе не можеме да продолжиме да функционираме како компанија“, велат од Cambridge Analytica.“

Главна причина е што по скандалот компанијата започна да губи клиенти. Секако, проблем се и тужбите и истрагата, а и казните кои најверојатно ќе следат. Компанијата е затворена од среда, 2 мај, а вработените треба да ги вратат своите компјутери.

Речиси истовремено со објавата дека компанијата ја злоупотреби довербата на Facebook, заменет беше Александер Никс, дотогаш директор на компанијата. Секако за ова придонесе и видеото со скриена камера во кое зборуваше за сите методи кои ги користат, а најголем дел од нив се барем неетички, ако не и нелегални.

Компанијата во изборите во 2016 година во САД заработи над 15 милиони долари. Сепак последниот месец изгуби многу клиенти, вели Wall Street Journal.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top