2 коментари 2 мин. читање 3 мај, 2018

Nikola Motor Company бара од Tesla 2 милијарди долари отштета

Nikola Motor Company од Солт Лејк Сити, Јута ја обвини Tesla дека ја користи нивната технологија во своите Semi камиони. Поради ова бараат оштета од две милијарди долари.

Причините за волку високата отшета се неколку. Од Nikola велат дека камионот на Tesla прави забуни на пазарот. Поради ова нарушување на авторските пррава Nikola не може да привлече инвеститори. Компанијата проценува дека нанесената штета е не помала од две милијарди долари.

Компанијата вели дека двата камини Nikola One и Tesla Semi се многу слични. Дел од заштитената технологоја се дизајнот на ветробранското стакло, врата на средина, изгледот на трупот, браникот и слично. Дополнително, стартапот тврди дека Тесла испратиле луѓе да ги регрутират нивните инженери.

Од друга страна, во Tesla не се премногу загрижени за тужбата и сметаат дека нема основа.

„Очигледно е дека нема основа за тужба“, велат од Tesla, пренесе Verge.

https://www.youtube.com/watch?v=wLidTCqAAtY

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top