Заштитете ја вашата приватност од Windows 10

Windows 10 e одличен оперативен систем, а уште подобар во непочитување и незаштитување на вашата приватност.

Ваквото нешто е најзабележително доколку при инсталацијата на оперативниот систем сте оделе со забрзаната опција Express Settings и сте дале дозвола за, на пример, пристап до вашиот календар, вашите мејлови, локација, како и дозвола да се користи интернет за одредени вести кои би можеле да ви се од корист. Згора на тоа, одредени сервиси на Windows 10 до пред некое време можеа автоматски и без ваша дозвола да се приклучат до јавна мрежа, што знаеше да биде озбилен безбедносен ризик.

Некои од злогласните опции, како тие за автоматско конектирање до јавни мрежи или конектирање до мрежи споделени од ваши контакти, се исфрлија со Anniversary надополнувањето, но останатите се горе-долу и понатаму присутни. За да добиете увид за тоа какви дозволи му се дадени на оперативниот систем и да извршите соодветни промени, потребно е да одите во Start, па Settings, па Privacy. Од понудените полиња од левата страна, можете да изберете кои апликации да имаат пристап до вашата камера/ микрофон или да ја исклучите Кортана (Speech, inking & typing па Stop getting to know me).

Не сакате директно да чепкате низ опциите? Инсталирајте ја анти-шпионската алатка O&O ShutUp 10 за да ја добиете целосната листа од најчестите проблематични области за безбедноста на вашата приватност и исклучете ги лесно. За секоја опција добивате дополнителни информации, како и соодветните симболи кои ќе ви сигнализираат до кој степен некоја опција се препорачува за деактивирање. Копчето Actions се одликува со кратенки за експресно-брза и препорачана групна деактивација со еден клик.

03

O&O ShutUp 10  не морате да го инсталирате затоа што доаѓа и во пренослива форма.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] е да ja заштитите вашата приватност со некој од нашите совети или преку алатката O&O ShutUp […]