Надополнето @ 22.19 ч:
Во преполна сала денеска Марк Закерберг го претстави најавеното демо за виртуелната реалност и можностите на Oculus Connect:
Селфито кое Марк го направи во видеото, навистина беше објавено на неговиот Facebook профил, со дополнително објаснување:
„Сега кога веќе не сум на сцената, можам да објаснам. Го направив ова фамилијарно селфи за време на демото пред 100.000 луѓе. Тоа сум јас во виртуелна реалност, Присила ми се јави преку видео на Messenger, а Ѕвер [неговото куче] си седи со својата топка пред камера во нашиот дом. Сите бевме дома!“, објасни Марк во постот со селфито.
Првично објавено:
Oculus е дел од Facebook од пред неколку години. Social VR е тим во рамките на социјалната мрежа кој работи на иднината на друштвената интеракција во виртуелната реалност. Најверојатно проектот кој ќе го претстави г. Закерберг доаѓа од овој тим. За среќа до објавата има уште малку време, па не мора да шпекулираме што ќе биде новитетот.
Она што е извесно е дека не би требало да станува збор за нова видеоигра или филм во виртуелната реалност. Друштвената мрежа од поодамна најави дека работат на изнаоѓање на нови области кои се надвор од овие.
Oculus Connect се одржува од 5 октомври до 7 октомври во Сан Хозе. Конференцијата е наменета за развивачите, но оваа година се очекува да биде повеќе насочена кон корисниците, што значи повеќе презентации на игри и примена.