Дали чет-ботовите можат да помогнат за подобро учење на јазикот? Еден од најголемите сервиси за учење јазици Duolingo смета дека не само што може, туку и ќе го олесни учењето на странски јазици.
Причината за ова е што за учење на јазик треба да зборувате. Корисниците кои се посрамежливи поретко зборуваат и не ги употребуваат зборовите за кои не се сигурни. Поради ова пропадна една од најдобрите идеи на сервисот – компанијата сакаше да спои соговорници. Пример, некој кој знае англиски, а учи француски, и некој кој знае француски, а учи англиски. Но дури 75 отсто од корисниците се срамеа да зборуваат на јазик со некој што не го познаваат.
Новото решение е разговор со чет-бот. Надградбата засега е достапна единствено на iPhone, но без сомневање наскоро ќе пристигне и на Android. Новата алатка овозможува разговор во виртуелна локација. Така една од локацииите е замислен разговор со готвач, возач или полицаец. Чет-ботот има и различен карактер, па разговорите делуваат поинакви, јави TechCrunch.
„Главна причина за учењето на нови јазици е да можете да ги зборувате. Учениците имаат подобар речник и подобро разбираат со Duolingo, но во реалноста овие вежби се помалку застрашувачки. Тука чет-роботите овозможуваат елегантно и ефикасно решение за ваквa потреба.“, вели Луис вон Ан основач на Duolingo.
Засега овој сервис е достапен единствено за пишан текст, но компанијaта најавува дека во иднина ќе овозможи и говор.