0 коментари 2 мин. читање 9 ноември, 2021

Запознајте се со Грејс – робот кој е замислен да дружи и дијагностицира пациенти

На неодамнешната конференција за вештачка интелигенција во Калифорнија, беше претставен и роботот Грејс.

Grace е осмислен од Hanson Robotics, фирма која е заснова во Хонг Конг. Целта на роботот е да ги дружи (постарите) пациенти, но и да ја надгледува нивната добро состојба, особено во услови на пандемија.

Имено, Грејс располага со термална камера која ја мери температурата на пациентите, но и ја проценува респонзивноста на пациентите, со цел да извлече соодветни дијагнози. Паралелно со ова, Грејс остава впечаток на крајно социјализиран робот кој е повеќе од способен да се впушта во најразлични разговори, како за времето, да ги забавува пациентите со интересни или смешни приказни, како и да им објаснува како да прават одредени физички вежби за да се поактивни за време на денот.

Со Грејс може да се комуницира на англиски и кинески јазик, а лицето на роботот е способно да симулира движења кои се извршуваат од 50 мускули на лицето.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top
{title}