Научниците од оваа лабораторија прават најразновидни симулуации на климата, а за тоа им е потребен компјутер кој :
- може да направи 2.330.000.000.000.000 операции во секунда
- има 37.376 AMD Opteron 2.6 GHz шест-јадрени процесори
- има 300 терабајти RAM меморија
- има 10 петабајти место на хард-диск
- користи специјализирана верзија на SUSE Linux (над 80% од топ 100 суперкомпјутери користат Linux)
Јaguar се искачи од второто на првото место благодарејќи на надградбата на процесорите од четири- во шест-јадрени со што се зголеми бројот на јадрата на процесори за 50 отсто.
За љубителите на хардвер подолу е видео како изгледа шест-јадрениот процесор на AMD кој се користи за овој суперкопјутер. Видеото не е од Jaguar туку од Kraken, трет на листата на суперкомпјутери, но… и двата суперкомпјутери користат ист Cray XT5-HE систем.
Повеќе за топ 100-те суперкомпјутери и за нивните технички можности и спецификации можете да најдете на топ 100 листата. Повеќе општи информации за суперкомпјутерите пак можете да најдете на Wikipedia.