0 коментари 1 мин. читање 15 март, 2012

Sony претстави телефон кој се користи без допир

Xperia Solа е уред кој не се контролира со допир, туку со движења во воздухот врз уредот, или со „лебдечки допир“ како што го нарекува јапонската компанија Sony.

Пред пет години ваков уред би звучел како научна-фантастика, но денес кога имаме паметни телефони без тастатура кои работат на допир, прашањето е не дали е ова телефон од иднината, туку дали ќе биде практичен за користење, или е само еден егзибицонистички обид на Sony да го привлече вниманието на корисниците врз својот Xperia бренд.

Лебдечкиот допир на Sony ќе функционира како глувче на екранот. За разлика од вообичаените движење и „кликање“ со прстите врз екраните на допир на паметните телефони, кај Xperia Sola движењата на прстот кој лебди ќе го движат поинтерот, налик на глувче на десктоп компјутери.

Xperia Sola е се појави глобално во вториот дел од 2012-та година. Ќе работи на Android.

[youtube]vESGv2O5mhQ[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top