Општествената одговорност е клучен дел од корпоративната култура, компанијата Slice тоа го докажува како еден од најпосветените учесници и значајни поддржувачи на хуманитарниот проект IT4CHARITY.
„Проектот е одлична платформа за обединување на IT индустријата во Македонија, со која се поттикнува заедничкото делување и создавање на повеќе хуманитарни движења“, вели Ѓоко Митровски, директор на инженеринг во Slice.
Со секој поминат километар (трчање, одење или возење велосипед) од страна на вработените вклучени во проектот, IT компаниите оваа година донираат финансиски средства во „СОС Детско село“. Собраните средства овозможуваат дом и грижа за 200 деца без родители и помош за 1.000 деца кои се во ризик да останат без семејство.
Досега, Slice има донирано за дури 7480 км.
Дознајте повеќе за мотивацијата на целиот тим и импактот кој го прави оваа програма од интервјуто со Ѓоко Митровски, директор на инженеринг во Slice и еден од основачите на иницијативата IT4CHARITY:
Slice е глобална tech компанија со над 1.000 вработени и канцеларии во САД, Велика Британија и Северна Македонија. Примарната цел на компанијата е да им помогне на локалните пица-ресторани во Америка да бидат конкурентни на пазарот, преку обезбедување на иновативна платформа за нарачување пица, но и техничка поддршка, советување и помош при работењето.
Општествената одговорност е длабоко втемелена во културата и секојдневното работење на компанијата, имајќи за цел во секој сегмент на своето работење да остварува позитивен импакт и општествено добро.
Во моментов, на локално ниво Slice работи во Скопје, Охрид и Дебар истовремено остварувајќи директни соработки со над 17.000 пицерии во околу 2.000 градови низ САД.