Гејминг новости од минатата недела #55

Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, педесет и петто издание.

Како вест на неделава, дефинитивно уште една се истакнаа озлогласените кутии за плен (loot boxes) и општото мислење за тоа дали се модерна форма на коцкање или не. Па така, бројни политичари го осудија интензитетот со кој ваквите предаторски кутии заземаат замав во гејмерската свера и почнаат да се залагаат за евентуални забрани. Таквиот став беше заземен и од одредени американски законодавци и од белгискиот министер за правда. Белгиската комисија за коцкање изјави дека кутиите со плен се форма на коцкање и ќе се заангажира за забрана на нивното ширење во Европа. Комисијата за коцкање во Велика Британија, пак, уште еднаш се огласи неделава и изјави дека, според нив, кутиите за плен не се форма на коцкање.

Останува да се види како ќе се развиваат работите во иднина, но мислењата се дефинитивно поделени, а и не помага фактот дека кутии со плен значително ја зголемуваат заработката во една игра.

Valve, компанијата зад платформата за игри, Steam, изврши дополнителни промени во системот за оставање рецензии од гејмерите, за да подобро се прикаже вистинската слика за играта. Па така, ако една игра има 80% позитивни рецензии, од првите 10 прикажани рецензии, 8 ќе бидат позитивни, а 2 негативни. На оваа листа ќе се наоѓаат оние рецензии кои биле изгласани од посетителите како најкорисни. Целиот пост го имате тука!

Call of Duty: WW2 се истакна со настан во кој играчите добиваа двојно повеќе искуствени поени, а можеа и бесплатно да ја проверат новата мапа, Winter Carentan Map, како дел од  првиот сезонски настан на заедницата, наречен Winter Siege. Со собраните податоци, студиото Sledgehammer Games неделава ќе исфрли дополнителна закрпа која ќе проба да стави крај на сите можни експлоатациии на мапата, а и ќе воведе подобрувања во корисничкиот интерфејс.

Wolfenstein 2: The New Colossus е еден од најдобрите шутери во прво лице во 2017 година, но доколку и самите сакате да се уверите во ова без да потрошите денар, упатете се на Steam и преземете го бесплатното демо. Во демото ќе поминете низ целото прво ниво од играта, а секој напредок што ќе го направите, автоматски ќе биде пренесен доколку ја купите играта, која, моментно се продава со 50% попуст.

Gwent, играта со карти во The Witcher универзумот, ќе се одликува и со целосна кампања за еден играч, но за таквото нешто ќе мора да се стрпите се до наредната година. Студиото CD Projekt Red се изјаснија дека излегувањето на Thronebreaker кампањата е одложено затоа што им треба повеќе време за да понудат посодржителна кампања. Во меѓувреме, моментната верзија почесто ќе се збогатува со карти, предизвици и балансирања.

Marvel Heroes ќе биде затворена побрзо од очекуваното. Во нашата вест објаснивме како играта ќе биде игрива до крајот на годината, но нови гласини укажуваат на тоа дека крајот би пристигнал побрзо од очекуваното, дури и во моментот кога го читате ова. Дополнително, бројни девелопери потврдија дека студиото Gazillion е целосно распуштено, а, да бидат работите полоши, не им е исплатена никаква оштета или дополнителни средства за полесна транзиција.

Total War: Arena ја започна отворената бета преку која точно можете да проверите дали е ова игра за вас. Едноставно креирајте акаунт на Wargaming.net и преземете ја играта за да уживате во бројни бонуси, како забрзано собирање искуствени поени и сребро за учество во битки и издвоени победи. Отворениот пристап е до 4.декември.

Creative Assembly работат на нова, сеуште ненајавена игра која, наводно, ќе го редефинира жанрот на кој припаѓа. Ова е студиото зад кое стои серијалот Total War и феноменалната Alien: Isolation. Во моментот не се знае ништо повеќе, освен тоа дека се бара свежа крв да им се приклучи на талентираните редови и да помогне во понатамошна изработка.

Hellblade се покажа како исклучително успешен експеримент на Ninja Theory. Студиото сакаше да провери дали ќе можат да остварат заработка преку понуда на ААА наслов, но како инди студио. Со оглед на тоа дека Hellblade: Senua’s Sacrifice се продаде во 250,000 примероци само во првата недела, студиото е повеќе од задоволно и финансиски охрабрено да продолжи со истата пракса.

Destiny 2 беше на удар неделава откако се откри дека интензитетот со кој се добива искуство е драстично намален во зависност од тоа што работите во играта, што крена прашина до небо и ги разбесни гејмерите кои не можеа, а да не гледаат на ова како на бедна политика за дополнително охрабрување микротрансакции. Поради ова, студиото, со опашката меѓу нозете, потклекна на притисокот и го укина таквиот систем.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk