Facebook на сите свои платформи ќе го копира Snapchat

Најпрво Instagram, па Facebook Messenger, а сега и на WhatsApp. Најголемата друштвена мрежа на сите свои платформи го копира Snapchat. Мини-видеaта на WhatsApp се наречени Status и овозможуваат споделување на слики и гифови. Како и на оригиналот, содржината трае 24 часа и потоа се брише. Дополнително, Facebook започна со тестирање на нова функционалност „direct photos and videos“, јави Guardian.

„Го изградивме ова бидејќи верувавме дека корисниците ќе ја користат апликацијата уште повеќе. Не размислуваме за креирање на работи од ниту една друга причина.“, вели Рандал Сарафа од WhatsApp.

Новата функција која во моментов ја тестира Facebook ќе овозможи директно споделување на слики и видео помеѓу корисниците. Друштвената мрежа промената ја тестира во мобилната апликација. Освен споделување на обична слика и видео се чини дека дел од апликациите се и некакви филтри, вели Android Police. 

Image: Android Police

WhatsApp има над 1.2 милијарда корисници, но по сѐ изгледа дека бројот на корисници кои испраќаат текст или аудио пораки се намалува. Испраќањето и комуникацијата со видео е поинтересно за корисниците. Snapchat ова го увиде порано и прв излезе со платформа, Facebook задоцни па сега ја „позајмува“ идејата на Snap. Во 2013 Facebook дури и се обиде да го купи Snapchat за 3 милијарди долари. Неофицијално продажбата ја запрел лично Еван Спигл, основачот на Snapchat. Оттогаш Snapchat полека, но сигурно го исполнува својот потенцијал.

Уште повеќе, Snapchat промени голем дел и од останатите друштвени мрежи и сервиси. Пред неколку години, најголем дел од постовите на Facebook и Twitter беа текст и слики, денес видеата и видеата во живо се голем дел од двете платформи. Последно, на крајот на минатата година Snapchat го промени иметo во Snap, а со очилата Spectacles стана првата мрежа која издаде сопствен хардвер.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk