Промената на мејловите на Facebook е грешка која настана поради нова функција за скриени податоци, изјави за ТheVerge главниот инженер на Facebook, Ендрју Босворт. Проблем има и со мобилните уреди, но тука проблемот е поради грешка при синхронизацијата, па адресата @facebook.com погрешно е земена како примарна.
Иако Facebook адресата е предвидена да биде единствената прикажана на профилите, сепак вашите пријатели треба да ја видат и другите ваши имејл адреси, доколку сте ги додаделе. Проблемите да биде покажана само @facebook.com адресата се појавуваат поради постоењето на безбедносните подесувања и подесувања за прикажување информации на профилот, oбјаснуваат од Facebook и велат дека корисниците треба да си водат грижа за опциите за прикажување на содржина кои се поразлични од тие за приватност. Дополнително, кога Facebook ја воведе опцијата за видливост сите информации беа скриени по зададено.
Што се однесува кај мобилните уреди, грешката се појавува поради API кое наместо активната адреса ја зема последната внесена адреса. По синхронизирањето со контактите Facebook ја прикажува како активна адресата која е зададена како примарна. Па ако не сте ја додале вашата адреса по додавањето на @facebook.com, тогаш таа адреса ќе биде доделена како примарна.
„Синхронозацијата на уредите се прави со API. За многу уреди потврдивме дека API функционира точно и ја повлекува примарната адреса од профилот на корисникот. Сепак за некои уреди поради грешка наместо активната се повлекува последнта внесена адреса. Веќе го работиме на отстранување на грешката и набрзо поправката ќе биде готова. По ова уредите ќе ги добиваат точните адреси.“, вели Ендрју Босворд.
По исправката повторно ќе бидат достапни примарните адресите. Но, не заборавајте дека освен @facebook.com адресата останатите се скриени. Ако сакате одредена адреса да биде прикажана ќе морате да ги промените подесувањата од скриени во видливи.
