Во компјутерите има море од апликации, но една апликација често се провлекува низ повеќето од нив. Кога компјутерот ќе потклекне и ќе ве разочара со неефикасност, особено во поглед на брзина, CCleaner се поставува како софтверскиот Red Bull и до одредена, високо-дискутабилна мера знае да му даде освежувачка доза ефикасност.
Во случај да не сте задоволни ниту со CCleaner, ниту пак со Synei System Utilities 4, Black Bird Cleaner би можел да го понуди саканиот баланс или барем да се истакне како уште една апликација која го чисти вашиот компјутер од непотребни и привремени фајлови, а со тоа ослободува простор и го забрзува вашиот систем. Можете да одберете кои области сакате да бидат пребарувани и кои опции за чистење да бидат имплементирани. Покрај ова, ќе налетате и на опции за оптимизација на системот, намалување на големината на сликите, но и алатка за анализирање на дискот. Згора на ова, програмот успешно лови стари инсталациони фајлови, како и зипувани фајлови.
Бесплатната верзија на Black Bird Cleaner врши солидна работа за понизок степен на оптимизација и приказ до системските податоци и процеси. Професионалната верзија чини 25 долари, а нуди понапредни алгоритми за чистење кеш и RAM од непотребен кеш, можности за компресирање директориуми и бекап фајлови кои не ги користите, како и алатка за анализирање на дискот.
За почеток, дефинитивно препорачуваме да ги проверите бесплатните можности на овој програм или пак, во најмала рака, пробајте малку поразлична оптимизација со некој од нашите совети на таа тема!
[…] за поголема длабочина искористете ги предностите на Black Bird Cleaner, Synei System Utilities или Advanced […]
[…] не мора да барате подалеку од Revo Uninstaller и CCleaner, или Black Bird Cleaner, како и […]