Bayonetta конечно излезе за PC

Една од најдобрите акциони игри, со една од најубавите девојки, Bayonetta, излезе за PC, по седум години ексклузивност за PS3 и Xbox 360 конзолите.

Развиена од Platinum Games, а издадена од SEGA, Bayonetta ви дозволува да заиграте со преубавата вештерка во 60fps блаженство и во 4К ultra HD резолуции, со оптимизирана поддршка за глувче и тастатура. Дополнително, оние кои ќе ја купат играта до 25 април ќе бидат наградени со бесплатна надградба на делукс изданието кое, покрај основната игра, се одликува со пет нумери од звучната подлога, дигитална книга со бројни нацрти од развојот на играта, позадини и аватари.

Во неодамнешно интервју за PC Gamer, претставник од Platinum Games објасни дека се свесни за огромниот PC пазар и дека таа публика дефинитивно не треба да се игнорира.

„Отсекогаш сме имале позитивен став за прилагодување на нашите игри за PC, но таквата одлука, односно за кои платформи да се издаде играта, се во рацете на издавачите и не е нешто што можеме ние самите да го одлучиме.“

Ова не е првата игра која SEGA ја реинкарнира во PC круговите. The Typing of the Dead стана одличен експеримент, а Valkyria Chronicles само потврди колку всушност се гладни PC гејмерите и за конзолските примати. За краткото време од нејзиниот престој на Steam, Bayonetta собра 95% позитивни рецензии.

Во случај да сакате да добиете подобар увид за тоа како дополнително се прилагодувала Bayonetta за PC, не пропуштајте го следново видео.

Според она што можевме самите да забележиме, Bayonetta се чини дека е одлично оптимизирана, дури и за послабите конфигурации и, во поглед на графичката поткованост е на слично ниво со Valkyria Chronicles.

Bayonetta се продава за 20 долари, на Steam, или со 15% попуст преку Bundle Stars, односно Nuuvem.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk