Google дава милион долари за најдени пропусти во Chrome за време на Pwn2Own

Google е толку сигурен во својот прелистувач Google Chrome што ќе даде 60.000 долари за тие хакери кои ќе најдат безбедносни дупки и багови за време на натпреварот Pwn2Own што треба да се случи следната недела. Овие хакерски конференции ги користат и официјалните организатори на овој настан Hewlett-Packard, кои нудат 60.000 долари за прво место, 35.000 долари за второ и 15.000 долари за трето место користејки поени за да одредат кој е најзаслужен.

Но Google не нуди пари само за тие што ќе пробијат нивниот софтвер. Тие ќе плати 20.000 долари за секој учесник што ќе најде безбедносни дупки во Windows, Flash или кој било прелистувач. Вкупната вредност на овие награди нема да надмине милион долари.

Досега, во последните две години Google исплати над 300.000 долари на луѓе кои пронашле помали пропусти. Иако може да изгледа единствено како маркетинг трик, Google во основа си плаќа умерена цена за илјадници луѓе да го проверуваат и тестираат нивниот прелистувач, што ако истиот број на луѓе ги вработи, можеби ќе плати многу повеќе. Google во основа користи hacker crowd sourcing за го направи својот прелистувач непобедлив кога се работи за безбедност.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments