Отворете линкови на електронска пошта, директно преку Gmail

3 коментари 1 мин. читање

Сигурно ви е позната ситуацијата кога ќе кликнете некој имејл линк, и кога ќе почне да ви се отвара локалниот клиент за пошта, кој многу од вас може и да не го користите. Откако ќе го причекате да се подигне, со блага фрустрација го затворате и само ја копирате адресата директно во Gmail за да испратите пошта.

Овој процес од сега ќе можете потполно да го скокнете ако прифатите преку Gmail да ви се отвараат имејл линковите. Очекувајте порака во горниот дел од прелистувачот следен пат кога ќе влезете во Gmail, каде што треба да прифатите Gmail да ви управува со имејл линковите што ги наоѓате додека сурфате. Оваа оптимизација е успешна благодарение на HTML5 магија, и работи исто толку добро во Google Chrome како и во Firefox и Internet Explorer.

Напишано од

Дамјан Цветков-Димитров е дизајнер на игри и поранешен автор на IТ.com.mk. Има нездрава опсесија со интернет култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, друштвени мрежи и електронска музика.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед