За Super Cruise на General Motors сепак треба претплата

во Вести

Super Cruise на General Motors сепак доаѓа со претплата. Во првите три години системот за автоматизација на возењето е бесплатен, но по ова ќе биде потребна претплата. За моделите купени во 2018, 2019 и 2020 година Super Cruise има три години пробен период. Потоа е потребна претплата.

Новите сопственици на модели од 2018 (произведени на 6 септември, 2017 и подоцна), 2019 *, и 2020 година добиваат Super Cruise пакет, кој вклучува 3 години OnStarр поддршка. За продолжување на функционалноста, откако ќе заврши 3-годишниот пакет, мора да се претплатите на OnStar, забележа Ars Techica.

Претплата за пакетот баш и не е симболична. Најнискиот пакет започнува од 25 долари месечно. Можеби претплата и не е превисока ако се спореди со 60 000 долари колку што речиси е цената на Cadilac CT6. За некои поевтини возила ова веројатно ќе биде превисока цена, а GM ја инсталира услугата во се повеќе нови модели.

Иако за најголем дел од луѓето ова е непријатно изненадување, податокот бил познат уште пред три години, но бил подзатскриен во „fine print“.

Super Cruise пакетот на General Motors е еден од најдобрите и можеби и заслужува претплата. Она што е поинтересно е дали ова ќе отвори нов пат за сите производители на возила кои имаат некаква автономија. Па во иднина можеби сите автономни возила ќе имаат некаква функционалност која ќе доаѓа за претплата. На пример системи за забава или надградба и одржување на софтвер.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk