За само три месеци има 11.000 ботови на Facebook Messenger

За само три месеци откако беа претставени, бројот на ботови присутни на најголемата социјална мрежа се искачи над 11.000. Ботовите овозможуваат комуникација со корисниците преку скрипти, а корисниците може да ги користат за куп различни информации: од прашување за времето до спортски резултати до посериозна комуникација со медиумите. Но, се чини дека сепак најмногу корист од роботите имаат рекламните кампањи.

Најуспешниот бот досега е протагонистот на филмот Zootopia, Џуди Хопс, кој одговори на милиони прашања, а секој корисник разговарал во пресек неколку минути, вели Digital Trends. Ботот на американската кошаркарска лига, NBA, одговорил на над 350.000 интеракции во текот на финалните натпревари и на драфтот.

Можеби бројката изгледа голема на прв поглед, но сепак комуникацијата на социјалните мрежи преку постови и коментари е многу пати поголема. Сепак изгледа дека технологијата сè уште се тестира, иако ова најверојатно ќе се промени и ботовите ќе ја пронајдат својата вистинска примена. Facebook веќе работи на додавање на куп нови функционалности на автоматите. Еден од новитетите е воведување на копчиња со одговор при комуникација со ботовите, на пример кога корисникот разговара со филмски автомат, на прашањето кој е неговиот омилен жанр ќе може да одбере од понудените одговори, наместо да го внесува целото име.

03-quick-replies1

Брендовите кои користат ботови ќе можат во својата комуникација со корисниците сега да вметнат и GIF, видео или аудио фајлови. Новитет ќе биде и можноста за поврзување на корисниците и брендовите преку Messenger, но за реализација ќе мора оваа функционaлност да биде активирана од корисникот. Можноста која им се дава на клиентите да укажуваат на грешки, да ги оценуваат автоматите, но и можноста за сугестии, е најверојатно најкорисна нова промена која се вoведува на Messenger. Се разбира за ова да биде вистина корисниците ќе мора да се ангажираат и да одговaраат со сугестии и приговори.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk