Новиот уред од Surface серијата на Microsoft нема да биде таблет компјутер, туку all-in-one десктоп, вели The Next Web. Доколку шпекулацијата се покаже како точна тогаш Microsoft ќе ги копира Apple, кои освен iPad таблетите, ги произведуваат и iMac компјутерите. Единствена причина поради која досега не сме виделе десктоп компјутер од Microsoft е определбата на компанијата да почека на новите Kaby Lake процесори од Intel.
Пазарот на десктоп и лаптоп компјутери е во пад веќе неколку години, и влезот на Microsoft нема да ја промени состојбата на пазарот. Најголеми конкуренти на пазарот за сѐ-во-едно компјутерите на Microsoft ќе им бидат Lenovo и Apple кои продадоа најголем дел од 14 милиони компјутери од оваа класа минатата година.
Единствена технологија која би можела да му помогне на Microsoft за зголемување на продажбата е HoloLens, па можеби токму ова покрај чекањето за Kaby Lake е причината за одложување на првиот сѐ-во-еден компјутер.