Chrome ќе има VR Shell што ќе овозможи сурфање во виртуелна реалност

0 коментари 1 мин. читање

Google има сериозна намера да ја освои виртуелната реалност. Покрај Daydream кој ќе биде платформа за виртуелна реалност на Android, компанијата најави дека работи и на WebVR. Ова ќе овозможи создавање на вебсајтови за виртуелната реалност, а планот на Google е корисниците да не ја напуштаат виртуелната реалност кога прелистуваат по интернет.

Google Chrome Beta и Google Chrome Dev за Android ќе им помогнат на развивачите да се подготват и да ги прилагодат своите сајтови за виртуелната реалност. Ова ќе овозможи корисниците со Google Cardboard и слични уреди веднаш да можат да прелистуваат во виртуелна реалност.

„Денес можам да прегледам WebVR сцена и на iOS уред, дури и ако Safari не поддржува WebVR API, благодарение на polyfill и акцелерометарот во уредот. Ова е одлично… Она што WebVR API ни овозможува, е многу подобра поддршка за екосистемот, поврзување на различни содржини без напуштање на виртуелната реалност“, вели развивачот на Google WebVR, Џош Карпентер, за Road to VR.

За корисниците новата надградба е од практична причини и нема да донесе нови промени, но ќе овозможи да можат да разгледуваат во виртуелната реалност и да прелистуваат по интернет без да мораат да ги вадат и ставаат уредите како Google Cardboard.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед