За првпат во серијалот, Австралија гостува во Civilization VI

Една од нашите најдобри стратегии за 2016 година, Civilization VI, планира по прв пат во серијалот да нѝ дозволи да посакаме добредојде и на австралиската цивилизација. Водена од четиринаесеттиот премиер, Џон Кртин, Австралијанците ќе треба да издвојат светска доминација со нова, уникатна способност. Наречена Land Down Under, способноста им дозволува на градовите поголема бројка за сместување во куќите кои ќе се направат на крајбрежјето. Новата единица, The Digger, ја заменува пешадијата и нуди дополнителна моќ на копното кое се граничи со водената површина, а надградбата, Outback Station, отклучува guild civic и нуди бонуси во производство храна која е блиску до пасишта.

Датумот на излегување на оваа премиум DLC е сеуште непознат, но со него ќе се појави и бесплатно надополнување кое ќе воведе тимови за мрежни пресметки и посоодветна поддршка за модови.

„Steam Workshop ќе ви дозволи да прелистувате, додавате и да се претплатувате на модови многу полесно“, објаснуваат девелоперите преку Steam постот до заедницата.

Додатокот на мултиплеерот пак, ќе дозволи играчите да ги здружат силите против вештачката интелигенција или пак да си го тестираат знаењето против вистински лица.

Веста за новитетите неслучајно се поклопува со најновиот Humble Bundle пакет од игри кој за еден долар нуди Civilization III и комплетната Civilization IV. За 9 долари отклучувате пристап до комплетната верзија на Civilization V, a 15 долари ви ја даваат крајно просечната Beyond Earth, заедно со проширувањето и пакетот со мапите. Со посветување на вториот или третиот платежен столб добивате и дополнителни попусти од 20% за Civilization VI, како и 10% попуст за Humble Monthly, месечниот пакет во кој се наоѓа уште една одлична стратегија – Total War: Warhammer.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk