Понекогаш и „air gap“ не е доволна заштита, универзитетот Ben-Gurion претстави нов хак

Безбедносни експерти од универзитетот Бен-Гурион во Бершева, Израел претставија нов начин за кражба на податоци. Вообичаено „air gap“ е заштита која не може да се пробие, но вештите хакери секогаш пронаоѓаат начин.

Овој пат истражувачите од универзитетот како медиум за пренос на податоци ја користат диодата на хард-дискот. Читачот на податоците се наоѓа прикачен на дрон кој во пригодно време долетува на локацијата. Ова секако значи дека некој претходно го модифицирал софтверот за манипулација со LED-сигналот.

„Ако напаѓачот се здобил со пристап до air-gap систем, малициозниот софтвер може да ги испрати податоците до напаѓачите. Откривме дека малото LED светло може да се контролира до 6.000 пати во секунда. На овој начин може да испраќаме податоци многу брзо на големо растојание.“, вели Мордекај Гури од Бен-Гурион.

Лабораторијата во универзитетот Бен-Гурион е автор на неколку супер интересни методи за пренос на податоци. Универзитетот досега презентираше методи за пренос со електромагнетни бранови, топлина на процесорот или пренос со звучни сигнали.

Новата метода овозможува транспорт со брзини од 2 MB на час. Ова е бавно за транспорт на големи податоци, но е сосем доволно за кражба на клуч за криптирање или лозинка за неколку секунди. Дополнително податоците можат да се вртат постојано, обезбедувајќи дека ниту еден дел нема да остане невиден. Сепак, најголемата предност е што е намалена потребата од непосредна близина за собирање на податоците, пишува Wired.

Малициозниот софтвер ќе може да управува супер прецизно со диодата. Диодата и сензорот можат да трепкаат и отчитуваат и сигнали кои не се видливи за човечкото око. „Можно е напаѓачот да креира толку кусо трепкање што човекот никогаш нема ниту да го види.“, вели г.Гури.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments